Телефон Android: Како да слушате поткасти

Научете како да ја користите апликацијата за поткасти за да наоѓате и да слушате претходно снимени радио-програми наречени поткасти.

Пред да почнете

Паметниот телефон со Android што се употребува во презентациите во овој курс можеби не е ист со телефонот што го имате, но менијата и чекорите би требало да бидат слични.

Пред да почнете, проверете дека имате:

  • телефон со Android
  • најнова верзија на оперативниот систем на телефонот
  • активна конекција преку домашна Wi-Fi мрежа или мобилна мрежа, со достапни податоци.

Постојат голем број различни апликации за поткаст, но во овој курс се користи бесплатната апликација ABC Listen (ABC Listen app) за преземање и слушање поткасти.

Како да слушате поткаст

Како да преземете апликација од Play Store

Најпрво најдете ја апликацијата Play Store на телефонот. Ако не се наоѓа на Почетниот екран (Home screen), можете да поминете со прстот нагоре од долниот дел на екранот за да ја најдете во мрежата со апликации. Кога ќе се појави главниот екран на Play Store, допрете ја лентата за пребарување (Search Bar) во горниот дел за да се појави тастатурата.

  • Пребарајте ја ABC Listen.
  • На страницата со резултати најдете ја ABC Listen. Таа би требало да биде прв резултат од пребарувањето.
  • Не заборавајте да проверите дека таа е автентичната апликација, така што ќе ги разгледате оцените и дали е создадена од Австралиската радиодифузна корпорација (Australian Broadcasting Corporation).
  • Се појавува страницата на продавницата на апликацијата ABC Listen. Допрете го копчето Инсталирај (Install) и Play Store ќе ја преземе и постави апликацијата во заднина.
  • Инсталирањето е целосно кога ќе се појави копчето Отвори (Open).
Кога емитувате поткаст, запомнете дека треба да ја запрете репродукцијата кога ќе престанете да слушате. Апликациите како што е ABC Listen може да продолжат да работат во заднина и да ги потрошат сите ваши податоци.

Како да ја користите апликацијата ABC Listen за да наоѓате и да емитувате поткасти

Отворете ја апликацијата ABC Listen (ABC Listen app) од Почетниот екран (Home screen). Можеби ќе треба да поминете со прстот налево (left) за да ја видите иконата.

  • Ако ви биде побарано да создадете сметка, допрете на Не сега (Not now).
  • Можете да следите неколку чекори за да најдете локални станици (local stations) или допрете на Прескокни (Skip) за да продолжите со курсот.
  • Во горниот дел на главната страница се покажуваат радиостаниците на кои можете да се вклучите. Поткастите (Podcasts) се прикажуваат подолу, организирани според категорија.
  • Можете да ги прелистате Најновите и најдобрите (Latest and Best) за да ги видите останатите поткасти што се достапни
  • Можете да ја прелистате целата страница за да видите повеќе категории.
  • Допрете на некој поткаст за да го слушате.
  • Употребете ја опцијата Прегледај (Browse) за да најдете поткасти според тема, на пример Вести (News)
  • Допрете ја лупата (magnifying glass) што се наоѓа во долниот десен дел на екранот Пребарување (Search).
  • Можете да го прелистате овој екран за да го видите списокот Прегледај според тема (Browse by topic) или употребете ја Лентата за пребарување (Search bar) за да најдете поткаст што веќе го знаете.
  • На пример, побарајте го The Health Report и потоа допрете го резултатот најгоре. Ќе се појави екранот на поткастот The Health Report
  • Допрете на Емитувај (Play) за да ја слушнете последната епизода. Прелистајте надолу за да ги видите претходните епизоди што исто така можете да ги емитувате.
  • Кога ќе допрете на Емитувај (Play), поткастот ќе се пренесува на вашиот телефон додека се емитува. Ако не сте поврзани на Wi-Fi, ова ќе потроши дел од вашите дозволени мобилни податоци.

Како да ја користите апликацијата ABC Listen за да преземате и да се претплатите на поткасти

Допрете ја иконата Преземи поткаст (Download Podcast icon), којашто се наоѓа до епизодата на поткаст, за да ја преземете преку домашната Wi-Fi мрежа и да заштедите податоци, и посткастот да ви биде достапен да го слушате подоцна. Кога ќе се појави мал знак за штиклирање (small tick), преземањето заврши.

  • За да ги најдете преземените поткасти, допрете ја опцијата Your Listen во долниот дел на екранот на апликацијата ABC Listen (ABC Listen app screen) и потоа допрете го жолтото копче Преземи (Downloads).
  • Допрете на кој било поткаст во списокот Преземања (Downloads) за да направите да се отвори во пола екран, а потоа допрете го копчето Емитувај (Play).
  • Исто така, постојат контроли за Паузирање (Pause) на поткаст, прескокнување 15 секунди нанапред (15 seconds ahead) и 15 секунди наназад (15 seconds back).
  • За да добиете автоматски нови епизоди од некој поткаст, можете да го Следите (Follow) тој поткаст (исто така наречено Претплати се (Subscribe) во други апликации за поткаст).
  • Вратете се на епизодата на поткаст со допирање на стрелката завртена надолу којашто се наоѓа во горниот лев дел на екранот.
  • Допрете го кругот со три вертикални точки за да ја видите опцијата Прикажи програма (View program), којашто ќе ве пренесе на главната страница на поткастот.
  • На главната страница на поткастот допрете ја иконата Следи (Follow). Ако апликацијата ве запраша да го Зачувате на сметка (Save to an account), изберете Не сега (Not Now)
  • Следите некоја програма ако се прикаже икона со полно срце.
  • Најдете програми со допирање на Your Listen во долниот дел на екранот.
  • Допрете ја иконата на програмата што ја следите за да видите список со епизоди, а потоа допрете ја која било епизода за да ја слушате.
  • Иконата Персонализирај поставки (Personalise Settings) во горниот лев дел ви овозможува да управувате како се складираат епизодите и кога се бришат.
  • Изберете Преземи (Downloads) од менито Персонализирај поставки (Personalise Settings).
  • Стандардно епизодите се поставени на Избриши 24 часа откако ќе се преслуша (Delete 24 hours after listening). Можете да ја вклучите или исклучите оваа опција.
  • Автоматското преземање преку (Automatically download on) е поставено на само Wi-Fi (Wi-Fi only) стандардно, за да спречите ABC Listen да ги користи вашите мобилни податоци. Поставете ја оваа опција на Wi-Fi и мобилни податоци (Wi-Fi and mobile data) ако сте сигурни дека сакате да преземате поткасти кога сте надвор.
  • На главниот екран на Поставки (Settings), опцијата Емитувај постојано поткасти (Continuously play podcasts) е стандардно вклучена. Исклучете ја оваа опција ако сакате апликацијата да престане да емитува на крајот на секоја епизода.